Видео: Поединци во Скопје го „унакажуваат“ градот со отпад!

1 min read

Анонимна снимка од граѓани прикажува како поединци во Скопје намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и разнесуваат отпад низ центарот на Скопје.

-Ваквото недолично и безобразно однесување каде што може да се види и уништување на јавен имот е забележано на неколку локации низ градот, на местата каде што комуналните служби претходно имаат исчистено, поединци отпадот го разнесуваат намерно и од црни кеси го истураат на јавни површини, информираше Зуди Енузи Кока, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.

Дали станува збор за организирана акција ќе треба допрва да се утврди.

Директорот ги повикува граѓаните да реагираат на ваквото срамно однесување, а доколку забележат вакво однесување на поединци или групи истото да го пријават.

-Скопјани заслужуваат да живеат во чиста животна средина, а ваквото однесување е непочитување на трудот на комуналните служби, но и претставува казниво дело, порача тој. 

skopjeinfo.mk

Претходно

„Национално единство за прашања кои се важни за државата, ВМРО-ДПМНЕ е стожер на Македонија“

Следно

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian