ВИДЕО | Милевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се китат со туѓи перја, проектите кои сега ги промовираат ги обезбедија нивните претходници и Владата

4 mins read

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во гостувањето на Утрински брифинг се осврна на вчерашниот отчет на ВМРО-ДПМНЕ кога најголемата опозициска партија се пофали со сработеното на нивните градоначалници во првите 100 дена.

-Вчера за мене се случија два настани – едниот настан е покажувањето на едно нетрпение кон критиките, портпарол на опозициона политичка партија да излезе и да прекине прес-конфренција на било кој граѓанин, особено пратеник и да изврши вербален напад што е еднакво на напад на 8.000 граѓани е невидено. Не можете во оваа демократска држава да упаѓате во говор и да не дозволите некој да го изкаже своето мислење. Тоа е невиден преседан и срам. Замислете како тие луѓе ќе се однесуваат ако дојдат на власт. Тој истиот човек после половина час е експерт за локална самоуправа, изјави за Утрински брифинг министерот за локална самоуправа и лидерот на ЛДП Горан Милевски коментирајќи го упадот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилоковски на прес конференцијата на пратеникот од СДСМ Дарко Каевски.

Тој нагласи дека во 2017 година во која што доминираа градоначалниците од СДСМ, наследија долг од 100 милиони евра од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата врати 50 насто од долговите. Сега тие долгови дел од градоначалниците успеаја да го вратат. Сега нели треба да се запрашаат градоначалниците од кого се долговите. Нели го прашале нивниот советник Ставревски кој ги направил тие долгови, вели Милевски.

Милевски се наврати на едно израелско сценарио по кој терк, верува дека опозицијата ја води кампањата против власта и се служи за манипулација со јавноста.

-Ова израелско сценарио предвидува на јавноста постојано да и се повторува „криминалци, криминалци“ за да добиете слика дека навистина во оваа влада нешто лошо се случува, дека е неспособна, а од друга страна да се фалат градоначалниците дека се многу успешни. Направиле 1.000 проекти. Читам градоначалникот на Радовиш обезбедил милион евра од ЕУ за еколошки проект. Прво тоа е проект од пред локалните избори на Делегацијата на ЕУ, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада. Тоа е работа која ја завршил нивниот претходник во Радовиш. Или во Битола стадионот го изградиле. Тие немаат таму шајка заковано. Не може за 100 дена да проектитра улица, да распишете тендер и ја направите улицата. Тоа им го обезбеди градоначалничката на Битола, дециден е Милевски и додава „навистина е безобразно да манипулирате со јавноста, да се китите со туѓи перја и потоа да обвинувате дека струјата ви ја исклучиле на отчетот“.

Тој рече дека проектите кои сега се водат се популистичи и опозицијата која сега управува со голем дел од локалната самоуправа, во наредниот период ќе биде казнета од граѓаните.

-Не може да си припишувате заслуги за нешто што не е ваша заслуга, да се фалите со нивелирање на шахти или чистење на диви депонии. Не е поентата само да ј исчистите, треба таа дива депонија да ја направите парк или простор каде утре нема да се фрла ѓубре и да им обезбедите на граѓаните кои имаат градежен шут, кои имаат кабаст отпад да има каде да го депонираат. Ако сето тоа е регулирано, никој нема да фрла на дива депонија. Ако беа фер требаше на нивната трибина да поканат вработени од министерството за локална самоуправа да ги слушнеме нивните забелешки и што може да се имплементира да се направи, а што е популистички да се каже отворено. Очигледно ова е насилие за оние што не мислат исто, ако лажеме сега додека сме опозиција како ќе лажеме кога сме на власт. Треба да има опозицијата реални проекти и нивна реализација, а не да манипулираат, рече министерот Милевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што следи по варијантите алфа, бета, гама, делта, омикрон на коронавирусот?

Следно

Почнаа промените кои носат иднина- 1090 проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во услови на задолжени општини со по десетици милиони евра долгови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian