Љубовни парови и нивните чудесни приказни низ историјата

5 mins read

Љубов, ах љубов. Не е само денес, не е само сега – за љубовта се воделе битки, се менувале царства, пропаѓале империи, љубовта е највозвишената емоција која човештвото го води напред, му прави „збрки“, го крева и симнува од престолот…

Низ историјата има безброј љубовни парови кои не само што станале примери на приказна која вреди да се раскажува и памети, туку се синоним на чудесност и вечност низ времето.

Кои се најпознатите љубовници низ времето?

Ромео и Јулија

Никаде без Ромео и Јулија. Најпознатите љубовници на светот, Шекспировите главни ликови се вечната приказна за љубовта која освен што е чиста, убава, е трагична. Деца на две завојувани семејства, деца кои се вљубуваат на прв поглед и се сакаат против волјата на родителите, на поредокот. Трагична приказна во која и двајцата љубовници се убиваат во име на љубовта, за нивните семејства да го прекинат непријателството.

 #ThrowbackThursday: Alessandra Ferri and Julio Bocca in "Romeo and Juliet."/Facebook
#ThrowbackThursday: Alessandra Ferri and Julio Bocca in “Romeo and Juliet.”/Facebook

Клеопатра и Mарко Антониј

Оваа величествена љубовна приказна е една од најинтригантните во историјата. Овој однос меѓу двајца љубовници е жестока битка и тест за љубов. Иако се вљубуваат силно и на прв поглед, и обајцата се силни личности со изразен карактер и го претставуваат Египет во интензивно светло.

Љубовта помеѓу нив била „трн во око“ на Римјаните, но сепак тие ја крунисале својата љубов. Во битката против Октавијан, до Антониј стигнуваат вести дека Клеопатра е мртва. Тој се самоизбодел со нож, не можејќи да ја прифати вистината (која била лага). Клеопатра кога видела дека саканиот ѝ умира,  неможела да ја поднесе болката. Набрзо откако Египет е освоен, и таа трагично посегнува по својот живот – со змиски отров.

Самсон и Далила

Оваа библиска приказна од пред 3500 е вистински пример за љубов и предавство. Самсон бил непобедлив маж, пример за јунак. Далила пак била наведена од Филистејските племиња да го заведе Самсон и додека спие, да му ја одземе силата – кратејќи му ја косата.

Оваа љубовна приказна се поврзува со слепата страст, силниот копнеж и безрезервното верување на љубовникот, што кога е заведен и опиен од љубов, ја губи сета своја сила. Таа потсетува колку е важно да го чуваме нашето срце и да не го доверуваме секому.

Салвадор Дали и Гала

Една од најпознатите и најбизарни љубовни врски и приказ за дадаистичка, надреална, моќна љубовна релација е помеѓу Салвадор Дали, познатиот сликар и Гала, неговата Муза и љубовница. Постара од него 10 години, таа го остава сопругот, поетот Пол Елијар и заминува со Дали. За нивната љубовна приказна се зборувало дека никогаш немало физичка страст, само грижа за уметничката вдахнатост и заедничко „лудило“. Салвадор бил слепо заљубен во неа и во неколку прилики кажал дека е негова „водилка“. Гала се смета за прва вистинска жена менаџер која му го раководела животот и финансиите на Дали.

Салвадор и Гала Дали/фејсбук
Салвадор и Гала Дали/фејсбук

Марија и Пјер Кири

Оваа љубовно научна приказна е една од најмоќните во интелектуалните кругови. И обајцата биле посветени на своите професии, но и силно вљубени и се грижеле за сопствените пронајдоци. Марија била многу паметна девојка која сакала да се образува на универзитет во Полска, но ја одбиле бидејќи не примале жени. Заминала да учи во Сорбона, а секоја слободна минута ја поминувала во читање и во правење експерименти во лабораториите. Таму ја забележал Пјер Кири кој веднаш се заљубил во неа и по одреден период ја побарал за жена. Се венчале во 1895 година, а како пар се наградени со Нобелова награда.

Фрида Кало и Диего Ривера

Уште една страствена, љубовна и експлозивна љубовна приказна која е во прегратките на уметноста. Фрида Кало, мексиканската сликарка позната по својот динамичен стил, била многу намачена и физички несигурна во себе, но имала силна креативност кога е во прашање боите и сликарството. Првпат кога дошла кај Диего Ривера, познат муралист и му ги покажала своите слики, и тој бил воодушевен од неа. По кратко време, почнале интензивна, бурна љубовна врска, полна со изневерувања и тага, која Фрида на вечен начин ја зачува во своите слики. Во една прилика изјавила дека тој е нејзината најголема среќа и болка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мета одржа итна седница на Националниот совет за безбедност на Албанија поради состојбата во Украина

Следно

Проблеми за Е. Пелистер пред дуелот со Ним: Мараш и Обрадовиќ позитивни на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian