Светскиот вицешампион во карате Емил Павлов се откажа од советничкото место во општина Штип

1 min read

Светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов, од денеска не е советник во Советот на Општина Штип. Претседателката на Советот, Весна Карагунова-Кожинкова, на седмата редовна седница соопшти дека Павлов на 11 февруари поднел писмена оставка од оваа функција, и откако таа помина на седница, од денеска тој повеќе не е меѓу советниците.

Павлов вели дека одлуката му е со цел максимално да се посвети на спортот.

– Така е, на 11 февруари поднесов писмена оствка до претседателот на Советот на Општина Штип. Ова е пред сѐ од лични причини, бидејќи согласно мојот последен успех ми се зголемени обврските на поле спорт и не можев максимално да се посветам на работата како советник во Советот на Општина Штип. Од сега останувам само во спортот, трудејќи се да остварам што е можно подобри резултати, вели Павлов.

За него ова беше прв мандат како советник во Советот на Општина Штип. Павлов годинава беше повторно избран и за спортист на годината за 2021 година во Штип, а неговата цел е да биде светски шампион во карате.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблеми за Е. Пелистер пред дуелот со Ним: Мараш и Обрадовиќ позитивни на ковид-19

Следно

Партијата на пензионери бара вклучување во отворениот дијалог за зголемување на пензиите кој го најави Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian