Сто евра за младите во Србија кои до мај ќе наполнат 16 години или ќе добијат државјанство

1 min read

 Српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави денеска дека младите кои до крајот на мај ќе наполнат 16 години, како и оние кои дотогаш ќе се стекнат со српско државјанство, во јуни ќе имаат право на дополнителна помош од 100 евра и дека граѓаните на возраст од 16 до 29 години може да очекуваат исплата на 1, 2 или 3 јуни, 

-Оние 1.059.411 млади кои веќе се пријавиле за помош која е исплатена во февруари, нема потреба повторно да аплицираат, а сите кои во меѓувреме наполниле 16 години или добиле државјанство, треба да се пријават меѓу 16 и 31 мај, изјави Мали во Собранието на Србија.

Тој кажа дека државата сака да покаже не само колку и се важни младите, туку и да ја покаже силата на своите финансии и добрата состојба во државната каса.

Мали додаде дека Србија издвои 8,7 милијарди евра или 18 отсто од БДП за помош на економијата и граѓаните за време на пандемијата и дека минатата недела на пензионерит им биле исплатени 20.000 динари (170 евра) како благодарност за поддршката во текот на реформите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Свети Трифун одбележан во општина Илинден

Следно

Војвотката од Корнвол е позитивна на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian