Што следи по варијантите алфа, бета, гама, делта, омикрон на коронавирусот?

3 mins read

Никој не остана имун на хаосот што пандемијата со коронавирусот го предизвика во целиот свет од 2020 година. Се наоѓаме во една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, а од коронавирусот и неговите варијанти сѐ уште заболуваат милиони луѓе ширум светот.

Досега пет варијанти на коронавирусот се означени како загрижувачки: Алфа, бета, гама, делта и омикрон.

Варијантата алфа првпат е откриена во Велика Британија во септември 2020 година, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Варијантата бета е изолирана во Јужноафриканската Република во мај истата година, а високозаразната варијанта гама е откриена во Бразил во ноември 2020 година.

Овие три загрижувачки варијанти на коронавирусот имаат неколку заеднички мутации. Меѓутоа, четвртиот сој, делта, или супер-алфа, како што уште го нарекуваат истражувачите, има 60 отсто поголема заразноста од сојот алфа. Тој е откриен во Индија во октомври 2020 година.

Сојот омикрон, откриен во ноември минатата година, содржи повеќе мутации од останатите варијанти и со тоа е најзаразниот од досега откриените соеви.

За СЗО, потенцијално загрижувачки соеви се уште и Ламбда и Му.

Напис од списанието „Природа“ (Nature) го цитира еволуцискиот биолог Џеси Блум, кој вели дека овој нов патоген нема да исчезне. Тој ќе стане ендемичен и ќе продолжи да циркулира меѓу населението.
На темата за агресивните мутации на овој вирус и благата клиничка слика што ја предизвикува омикрон, еволуцискиот биолог Ендру Рамбо од Универзитетот во Единбург вели дека очекувањата дека новите варијанти ќе бидат уште поблаги се по малку мит. Реалноста е многу покомплицирана од тоа.

СЗО ги повикува сите да ги следат мерките за заштита од ковид-19 за да се намали ширењето на сегашните, но и на идните варијанти на вирусот.

Експертката на СЗО, Марија Ван Керхове, вели: „Омикрон нема да биде последната варијанта за која ќе се зборува и можноста за создавање нови варијанти е многу реална, за што сме загрижени. Нови варијанти ќе продолжат да се појавуваат, а засега не знаеме какви ќе бидат нивните карактеристики“.

„Сигурно е дека ќе бидат позаразни бидејќи мораат да ги „истуркаат“ варијантите кои во моментот циркулираат. Тие можат да предизвикаат посериозна или помалку опасна болест, но исто така може да покажат и способност за избегнување на имунолошкиот одговор. Дефинитивно сакаме да го намалиме ризикот од создавање нови загрижувачки варијанти“, додава експертката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Следно

ВИДЕО | Милевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се китат со туѓи перја, проектите кои сега ги промовираат ги обезбедија нивните претходници и Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian