Полицаецот-иноватор Али од Тетово има план за извор на слободна енергија

2 mins read

Али Касами 19 години е полицаец во полициската станица во Тетово, но во слободно време е иноватор. Старите апарати за кујна и бања кои сите ги фрламе, тој ги користи како репроматеријали – главно електрични мотори за поголеми машини, но и други електронски делови.

„Направив некои иновации – машини за мешање ајвар кои порано се правеа рачно, а сега со струја. Направив мешалка на струја, затоа што порано се мешало рачно, работам и на тродимензионалното лого што го немаме овде и направив машина за печење костени, вели Касами за ТВ Алсат.

Али не добива помош за неговите пронајдоци, кои ги финансира од полициската плата. Тој бара државата да се доближи до луѓето како него кои се занимаваат со иновации, за тие да можат да го пренесуваат своето знаење.

„Не се ни трудам да ги патентирам сопствените производи“, вели Али.

Цената на патентирањето е исклучително висока.

„Заинтересиран сум да патентирам производи, но тоа е скапо и не можам да го постигнам, државата како држава мора да им понуди на овие луѓе, а да има корист и државата и сите“, вели Касами.

Фото: АлсатМ/принтскрин

Следен проект на Али е производство на електрична енергија од обновливи извори, преку електромагнети, што според него би ги намалило трошоците во секое домаќинство. Но, овој проект му оди многу бавно, бидејќи работите што се потребни се скапи и тешко достапни.

„Нешто што ќе ја комбинира електрониката за да создаде слободна енергија, иако е малку проблем да се прекршат законите на физиката, но со помош на електромагнетот и нешто слично, планирам да го направам тоа“, Али Касами, иноватор

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЗОИ Пекинг 2022: Откако колабира на трката, норвешката бијатлонка експресно пратена дома

Следно

Славењето на Свети Валентин кај нас е помодарство, вели Митрополит Петар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian