Почнаа промените кои носат иднина- 1090 проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во услови на задолжени општини со по десетици милиони евра долгови

2 mins read

Тоа што СДСМ не го видел отчетот за сработеното на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веројатно се должи на тоа што вчера немале струја, па ги повикуваме да ги следат регионалните и локалните отчети кои ќе следат, за подетално да се информираат. Но еве во кратки црти да ги информираме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во овие 100 дена практицирање на локална власт имаат реализирано 1090 проекти од кои 166 се капитални. Почнаа промените кои носат иднина и граѓаните може да направат јасна разлика, реагираатод ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Кочани започна со градба канализациона мрежа во Тркање.

Во Штип се реконструираат 16 улици, а во Бутел отпочна со изградба општинското основно училиште во населено место Визбегово.

Во Ѓорче Петров во тек се градежни зафати за реконструкција на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, а во Битола е започната подготовка на документација за изградба на нов спортски комплекс како и проект за реконструкција на 23 улици.

Во Свети Николе започната е изградбата на детска градинка во Ерџелија, а во Виница во тек е изградба на затворен градски пазар.

Во Кавадарци се работи на нова детска градинка, изградба на нов зелен пазара, а во Јегуновце се заврши изградбата на колекторот за фекална канализација од Жилче до Шемшово.

Овие и уште стотици други значајни проекти или се завршени или отпочнати во овие 100 дена и граѓаните може да ја видат разликата меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претходници од СДСМ.

Впрочем сите овие 1090 проекти се реализираат во услови кога општините се затекнати во долгови создадени од недомаќинското работење на кадрите на СДСМ. Па така во Прилеп е создаден долг од 5 милиони евра, во Кисела Вода околу 3 милиони евра долг, 5.5 милиони евра долг на ЈП Исар во Штип, Брвеница со долг од 1.5 милион евра итн.

Ова е разликата. СДСМ создава долгови и ништо не работи, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти за граѓаните, стои во партиската реакција.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Милевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се китат со туѓи перја, проектите кои сега ги промовираат ги обезбедија нивните претходници и Владата

Следно

Хумана урбанизација и нови градинки – што ги одбележа првите 100 дена од мандатот на Муцунски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian