Почина легендарниот фудбалер на Хајдук, Жељко Мијаќ

1 min read

Поранешниот фудбалер и тренер на Хајдук Сплит, Жељко Мијаќ почина по кратко и тешко боледување на 69-годишна возраст.

Мијаќ е роден во Сплит 1954 година и првите фудбалски чекори ги направи во младите категории на Хајдуки беше дел од екипата која беше наречена златна генерација на клубот поради големите успеси во младинските категории.

Мијаќ една сезона (1972/73) помина во Ријека, а потоа да се врати во Хајдук каде играше до 1976 година. Одигра 146 натпревари и постигна 40 гола.
Како фудбалер на Хајдук освои две титули (1974,1975) во лигата на поранешна СФР Југославија, како и три Купа (1973,1974,1976). Потоа играше и за Тулон, Авињон и Кастел ди Сангро.

По завршување на кариерата, Мијаќ започна тренерска кариера прво во младите категории во Хајдук. Тој му беше помошник на Јошко Скоблар кога Хајдук го освои последниот Куп на Југославија во 1991 година, а следната сезона му беше помошник на Станко Поклеповиќ кога Хајдук стана прв шампион на Хрватска.
Потоа работеше како тренер на Блискиот Исток,а беше и тренер на белгискиот Стандард Лиеж.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Магичен напиток: Коктел за вљубени срца

Следно

„Не се чувствувам виновна, се борев за живот“ – велешанката Пале сведочеше за кобниот инцидент

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian