Партијата на пензионери бара вклучување во отворениот дијалог за зголемување на пензиите кој го најави Владата

1 min read

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), која е иницијатор на бројни мерки за подобрување на стандардот на пензионерите, изразува заинтересираност и бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите кој го најави Владата, вела од ПП.

Оттаму посочуваат дека нивната парија ја поддржува иницијативата на премиерот Димитар Ковачевски и Владата на Република Северна Македонија за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите засегнати страни по ова прашање.

-Уверени сме дека, само на тој начин, може да се дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата.Покрај финансиската поддршка која Владата ја обезбеди, во 2021 година, за пензионерите со ниски примања, како дел од ранливите категории граѓани, ја поздравиме и подржуваме најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период на сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза, велт од ПП.

kurir.mk

Претходно

Светскиот вицешампион во карате Емил Павлов се откажа од советничкото место во општина Штип

Следно

Дачиќ потврди: Утре се распушта Парламентот на Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian