ЈП „Паркови и зеленило“ со акција за чистење покрај кејот на реката Вардар и во Градскиот парк

1 min read

Во текот на викендот екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ спроведоа акција за чистење на кејот на реката Вардар, како и во Градскиот парк, од отпадоците кои беа расфрлани на повеќе локации, како покрај кејот, така и на тревните површини.

Исчистени се лисјата што паѓаат на пешачката патека на кејот, како и отпадот во пешачката зона покрај коритото, дел на кој секојдневно се рекреираат и спортуваат скопјани.

Истата акција се спроведе и во Градскиот парк, каде што беа исчистени сите бетонски патеки за прошетка, како и тревниците кои во текот на викендот беа полни со отпад.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат со еко акциите секаде каде што тоа ќе биде потребно и по појавување на видеото на кое се гледа како намерно се исфрла отпад на кејот на Вардар, апелираат за зачувување на животната средина и заштита на зелените појаси во сите населени места во градот Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ЗАРАЗЕНИ СО НОВИОТ СОЈ НА ОМИКРОН – тој е позаразен и брзо се шири!

Следно

Шведска препорачува четврта доза вакцина за оваа категорија на граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian