Омилената торта на кралицата Елизабета: Чоколадна бомба, готова за 10 минути!

3 mins read

Кралицата Елизабета Втора се грижи за тоа што јаде, но на еден десерт не може да му одолее. Станува збор за чоколадна бисквитна торта која брзо се подготвува, а има вкус – достоен за кралица.

Дарен Мекгрејди, поранешниот готвач на кралицата, открил дека омилен десерт на Елизабета Втора и на принцот Вилијам е оваа чоколадна торта која се топи во устата. Дарен открил дека кралските готвачи секојдневно ѝ ја испраќаат чоколадна торта на нејзиното височество за време на попладневната чајанка.

– Понекогаш пробува само парче, а остатокот го поделува на послугата за време на чајот – открил познатиот готвач.

Дарен рекол дека омилената чоколадна торта на кралицата била и свадбената торта на венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Тортата лесно се приготвува, а нема да губите време ниту покрај рерната, бидејќи оваа торта не се пече. Оваа торта се приготвува и кај нас, но со мали варијации. Нашите домаќинки знаат да експериментираат со додавање на уште неколку други состојки, поради побогат вкус.

Состојки:

– 120 гр темно чоколадо
– 120 гр шеќер
– 120 гр путер
– 220 гр бисквити
За подмачкување:
– половина лажица путер
За глазурата:
– 220 гр темно чоколадо
За декорација:
– 20 гр чоколадо
– малку мелени бисквити или ореви

Подготовка:

Намачкајте го плехот за колачи со путер. Бисквитите скршете ги со рака за да бидат со големина колку бадем.
Во поголем сад ставете го путерот на собна температура заедно со шеќерот додека не добиете еднолична пенеста смеса. Растопете на пареа 120 грама темно чоколадо и со постојано мешање додадете го во смесата со путер.

Додадете едно јајце и изматете сѐ заедно за добро да се соедини.

Додадете ги парчињата бисквит во чоколадната смеса и измешајте за да ги покриете сите парчиња бисквити. Истурете ја смесата во калап за печење, внимавајќи никаде да нема дупки, особено на дното.

Пред да ја послужите тортата, чувајте ја во фрижидер најмалку три часа.

Во меѓувреме, растопете 220 грама чоколадо и кога ќе ја извадите тортата од фрижидер и ќе го извадите прстенот од калапот, превртете го наопаку и прелијте со глазурата од растопеното чоколадо.
Тортата чувајте ја на собна температура додека не се излади глазурата.

Украсете со рендано чоколадо и мелени ореви (листовите бадеми може да бидат по желба).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца грчки државјани загинаа во близина на границата меѓу Русија и Украина

Следно

ЗОИ Пекинг 2022: Откако колабира на трката, норвешката бијатлонка експресно пратена дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian