Хумана урбанизација и нови градинки – што ги одбележа првите 100 дена од мандатот на Муцунски

1 min read

100 дена од градоначалничкиот мандат на првиот човек на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Како главни покрупни проекти кои го означија почетокот на мандатот се стартот на изградбата на три нови детски градинки, како и бришењето на градежни маркици за станбени и деловни објекти.

-Работиме чесно, посветено и одговорно за Општина Аеродром. Ставаме акцент на чистотата, зеленилото, изградба на градинки и училишта, решавање на проблемот со кучињата скитници и сите други актуелни теми.  До овој момент избришавме седум градежни маркици за станбени и деловни објекти. Единствените градежни дозволи кои ги имаме издадено претходните три месеци се за изградба на куќи. Во Аеродром започна постапка за изградба на три нови градинки, вели Муцунски. 

Аеродромци, пак, му порачуваат на градоначалникот дека час поскоро треба да се изнајде решение за проблемот со кучињата скитници и со паркинг местата во општината. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Почнаа промените кои носат иднина- 1090 проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во услови на задолжени општини со по десетици милиони евра долгови

Следно

Подваријантата на омикрон продолжува да се шири низ Австрија: Секое петто лице во оваа покраина е заразено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian