ФОТО | Најсмешни мемиња за време на полувремето на Суперболот: Хип хоп шоуто ги разнежни твитерџиите

3 mins read

За децата од деведесеттите, овогодинешниот Супербол беше синоним за „враќање во доброто минато“, а најголемите ѕвезди од хип-хоп и рап сцената направија шоу кое долго ќе се памети.

Снуп Дог, Др Дре, Мери Џеј Блајџ, Еминем, Кендрик Ламар и најголемото изненадување на вечерта – раперот 50 Сент ги вратија сите гледачи назад во времето кога тинејџерските забави не можеа да се замислат без некој од познатите хитови на овие изведувачи.

На таа „карта“ на емотивноста, твитерџиите со голема љубов и хумор, направија компилација мемиња кои станаа вирални и се дел од незаобиколното чувство на еден ваков спектакл.

Еве дел од нивните мемиња, кои сигурно ќе ве насмеат:

„Може ли да добиеме холограм од Тупак?

„Најдобро што можеме е да го добиете 50 Сент како виси надолу“

„Јас откако танцував по полувремето“

„Секој милениумец гледајќи го полувремето“

„50 Сент се појавува на Суперболот“

„Сите луѓе што се позади и не гледаат ништо“

„Ќе им кажам на моите деца дека ова се Авенџерс“

„Зошто Мери Џеј Блајџ падна како играчки од Toy Story кога ќе се врати Енди?“

„Нема шанси Канје да платил 50 илјади долари за да го гледа Суперболот вака“

Освен мемињата, твитерџиите беа особено возбудени дека најголемите личности од хипхоп сцената се на едно место, а еден профил сподели фотографија од нив и напиша:

„Можеби ова е најдобрата фотографија во хип хоп историјата“

Супербол 2022: Еминем на колена, спектакуларно шоу на Др Дре – Сите најдобри моменти од шоуто

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РТЛ Хрватска продадена за 50 милиони евра

Следно

Продолжува војната на зборови, Ристовски му одговори на Циговски: Делењето на „мои“ и „туѓи“ скијачи е уништување на спортот со умисла

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian