ФОТО | Најлајкуваната фотографија на Супербол: Ќерката на Еминем го бодреше татка си

2 mins read

Во вчерашниот спектакл на полувремето на Супербол настапија великаните на хип-хоп музиката – Др Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар, а како гостин изненадување се појави и 50 Сент.

Еминем клекна на колено во текот на настапот, со што даде свој печат во борбата против полициската бруталност и расната нееднаквост. Настапот на познатиот рапер од трибините го придружуваше неговата ќерка Хејли Џејд Матерс.

Хејли Џејд го поддржа својот татко за време на неговото полувреме на шоуто на Супербол.

„Дојдов поради шоуто на полувремето, останувам поради Стафорд“, напишала убавата 26-годишна девојка покрај фотографијата од стадионот.

Суперболот и потегот на нејзиниот татко резултираше со најголем број лајкови некогаш собрани од нејзината фотографија. За осум часа од објавувањето на 268.000 луѓе им се допадна.

Фото: Инстаграм

Хејли на многумина им е позната уште од мало девојче, кога гостуваше на многу песни и во спотовите на својот татко. На само шест години, таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмладата изведувачка на ар-ен-би песна.

Еминем ја доби Хејли во бракот со Кимберли Ен Скот.

„Татко ми и мајка ми ме инспирираа да бидам тоа што сум и ми ја дадоа сета потребна поддршка што ми беше потребна за да го постигнам она што го постигнав“, рече Џејли во една прилика.

Еминем еднаш изјавил дека татковството е најважното нешто во неговиот живот.

„Бидете присутни. Не пропуштајте ги настани. Ако се случува што било важно, без разлика што е во прашање, јас сум таму. Да се помогне со задачата кога сте во можност. Мора да се признае дека колку што се повозрасни, толку ми е потешко, јас никогаш не ја завршив прва година средно. Тие се многу попаметни од мене“, опиша тој како изгледа неговата визија за татковството.

ФОТО | Најсмешни мемиња за време на полувремето на Суперболот: Хип хоп шоуто ги разнежни твитерџиите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Франција: Во експлозија загинаа седум лица, меѓу кои и деца

Следно

ЗОИ Пекинг: Златен медал за Австрија во ски-скокови, Словенците сребрени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian