Двајца грчки државјани загинаа во близина на границата меѓу Русија и Украина

1 min read

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека двајца грчки државјани загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на демаркационата линија со проруските сили.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Хранитнеу во близина на линијата за демаркација, пренесе Ројтерс.

Се наведува и дека инцидентот избувнал откако Грците и украинските војници се скарале од „безначајни причини“. Во соопштението не е наведено што прават Грците во областа, но претставник на грчкото министерство изјави дека инцидентот нема никаква врска со актуелниот конфликт во регионот.

Претходно денеска Министерството за надворешни работи испрати препорака до грчките граѓани кои се во Украина веднаш да ја напуштат таа земја.

kurir.mk

Претходно

Двајца скопјани се обиделе да ограбат продавница во Кисела Вода

Следно

Омилената торта на кралицата Елизабета: Чоколадна бомба, готова за 10 минути!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian