Димитриевски: Османи не е соодветен за функцијата кога се дискутира за македонско национално прашање

2 mins read

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 ја коментираше изјавата на министерот за
надворешни работи Бујар Османи дека С. Македонија не може да застане позади Македонците, поради тоа што тие се бугарски граѓани.

Димитриевски го прашува Османи: Дали доколку тоа во Бугарија не беа Македонци, туку Албанци, ќе имал ваква изјава?

„Еве, ќе одговорам со поставување на прашање кон господинот Османи, доколку тоа во Бугарија не беа Македонци туку беа Албанци, дали ќе имаше ваква изјава? И тука лежи одговорот зошто господинот Османи не е најсоодветната личност да биде на оваа функција во овој момент кога се дискутира за едно круцијално, национално прашање на македонскиот народ“, рече градоначалникот на Куманово.

Димитриевски вели оти не верува дека Османи би го дал истиот одговор, доколку се работело за етнички Албанци.

„Секако дека немаше да биде тој одговор, туку тогаш ќе се водеше од националните афинитети и аспекти и ќе даваше поинакви изјави. Знаете, кога разговарате за интересот на другиот, а не сте директно засегнати не се водите од емоции, туку првенствено, исклучиво од класична прагма, да се добие датумот за преговори. Па ова прашање апсолутно не смее да биде разгледувано, но доколку нема реципроцитет граѓаните во нашата, но и во соседна Бугарија првенствено врз база на нивното лично самочувство се изјаснуваат што се. Ние тоа не им го наметнуваме дали се тие Македонци, Бугари, Срби, Грци, Албанци или нешто друго. Тоа е лично чувство. Матичната држава нема право да се меша по тоа прашање. Но, видете, Балканот е мешан. Колкупати сме оделе во Бугарија на скијање, во Банско, во Благоевград и ќе чуете од многу граѓани „па и јас сум Македонец“, се пеат, се интерпретираат македонски песни, зошто тогаш не им оставите можност и право на тие луѓе ако се декларирате како демократска држава да се самоопределат. А од другата страна го барате тоа право и директно се мешате во внатрешното уредување на соседна држава и барате да влезат во Уставот“, рече Димитриевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Покетино: Ги немаме искуството и историјата на Реал, но не сме аутсајдери

Следно

Брутален атак на владата кон МПЦ: Имало владици кои биле штетници како мувите и црвите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian