Арсовска: Не може на општините да им давате ситно, а да очекувате проектите да бидат крупни

1 min read

На седниците на ЗЕЛС се детектирани зголемените сметки на ниво на сите општините, особено на оние каде им се еднострано прекинати договорите со дистрибутерите на електрична енергија, рече градоначалничката на Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, во вечерашното гостување на ТВ24.

– Со една и две фактури по новиот начин на наплата на општините им се троши целиот буџет и потоа се трошат средства од проектите кои биле наманети во интерес на граѓаните. Сега се наоѓаме и во здравствена, економска и енергетска криза и беа доставени конкретни мерки во делот на снабдувањето со струја. Едно од барањата беше финанска надомест на разликата во цената која се јавува од пред раскинувањето на договорите до оваа позиција, рече Арсовска.

Таа вели дека од децентрализацијата општините добиваат малку средства и дека во собраниска процедура сега е скалесто зголемување во период од неколку години. Дел од општините се жалат дека немаат пари за развојни проекти.

– Не може да ми се дава ситно на општините, а да се очекува тие да реализираат големи проекти. Не се детектира проблемот зошто тие имаат со години наназад големи долгови во општините. Големи се долговите на локалната самоуправа. Имаше над 80 милиони евра долгови па владата им помагаше и покри дел со 51%, но останаа на половина на долговите кои се се дуплираа, кажа Арсовска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убава вест: Кристијан Ериксен се врати на терените

Следно

Арсовска до Битиќи: Ние сме во оваа енергетска криза затоа што не се реагирало навреме и не се преземале мерки да се спрeчи кризaта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian