Амрабат во финишот и донесе победа на Фиорентина

1 min read

Фудбалерите на Фиорентина славеа како гости против Специја со 2:1 во последниот натпревар од 25 коло во Серија А.

Кшиштоф Пјатек кој дојде во Фиорентина на позајмица до крајот на сезоната како замена за Душан Влаховиќ, во 17 минута ме реализира пенал. Полјакот се извади за промашувањето во 42 минута кога сепак го совлада голманот Проведел.

Во второто полувреме, „виолетовите“ имаа поголем посед на топката, креираа шанси, но гол постигна домашниот тим преку Кевин Агудело во 74 минута.

Кога се мислеше дека Фиорентина и трет натпревар по ред во Серија А ќе остане без победа, во 89 минута погоди Амрабат.
Со победата Фиорентина се искачи на осмото место на табелата со 39 бода, додека Специја е на 14. позиција со 26 освоени бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Бездомник го шокираше светот: Градот ми плаќа 800 долари месечно, би бил луд да не се согласам

Следно

Денес се празнува: Сретение Господово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian