Времето денес променливо облачно со повремен дожд

1 min read

Времето прeтпладне ќе биде облачно, на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.

skopjeinfo.mk

Претходно

“ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”: ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното за 100 дена градоначалници

Следно

Стипе Месиќ од Приштина: Србите го мразат Милошевиќ само зашто ги загуби војните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian