ВИДЕО: Што се случува со Тотенхем – Фабињо е херојот на Ливерпул!

1 min read

Денеска се одиграа три натпревари од 25 коло во Премиер лигата во кои победи остварија екипите на Ливерпул, Вулверхемптон и Њукасл.

Фудбалерите на Ливерпул ја запишаа и третата победа после паузата и го совладаа Барнли како гости со резултат 1:0.

Во составот на „црвените“ се врати и Садио Мане после освојувањето на Африканскиот куп на нации и Јирген Клоп практично можеше да смета на најдобрите.

Мечот го реши Фабињо со погодок во 40 минута од средбата. Ливерпул сега на второто место на табелата има девет бодови помалку од Манчестер сити, но и еден натпревари помалку.

Њукасл со голот на Киран Трипие (35`) триумфираше над Астон Вила, а Тотенхем повторно ги разочара своите навивачи со поразот овојпат од Вулверхемптон.

Головите за победничката екипа ги реализираше Раул Хименез во шестата и Леандер Дендонкер во 18 минута од средбата.

Премиер лига, 25. коло

Недела, резултати –

Барнли – Ливерпул 0:1
Њукасл – Астон Вила 1:0
Тотенхем – Вулверхемптон 0:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Елена Бубало: Нема лоша храна, колку што има лоша количина на храна

Следно

АД ЕСМ: Ќе се нормализира парното греење во Скопје, прекинот беше поради немањето струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian