Во саботата екипата на Динамо Загреб на домашен терен славеше против Горица со конечен резултат 2.1 во 23 коло од најсилната хрватска лига.
Немаше голови во првото полувреме, а првиот погодок на „модрите“ беше реализиран во 55 минута во кој Стефан Ристовски му асистираше на Аријан Адеми (негов прв гол сезонава) кој од непосредна близина ја испрати топката во мрежата за 1:0.
Израмнија гостите во 64 минута со голот на Калик, а конечниот епилог го постави Оршиќ (89`).
На овој дуел настапи уште еден македонски репрезентативец, Влатко Стојановски за гостите играше од 86 минута.
Динамо Загреб ја продолжува победничката серија во шампионатот, се наоѓа на првото место со 49 бодови, шест повеќе од Осиек и Риека на втората, односно третата позиција.