ВИДЕО: Оже-Алијасим ја освои првата АТП титула во кариерата

1 min read

Деветтиот тенисер на светот, Феликс Оже-Алијасим ја освои денеска титулата на турнирот во Ротердам, откако го совлада четвртиот играч на светот Стефанос Циципас со 6:4 и 6:2.

Мечот во холандскиот град помеѓу канадскиот и грчкиот тенисер траеше еден час и 18 минути.

Оже-Алијасим во текот на целиот дуел не му дозволи ниту еден „брејк“ на противникот и така дојде до својата прва АТП титула во кариерата.

Претходнно во осум финални мечеви на АТП турнирите доживеа исто толку порази, во 2020 година во токму во Ротердам загуби од Французинот Гаел Монфис.

За Канаѓанецот ова беше трета победа против Циципас, кој води во меѓусебните дуели со 5:3.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | На Свети Трифун кај Јохан Елзесер: Традиција, која не е само слава, туку печат на времето

Следно

Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian