Денеска во рамките од 25 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе загуби убедливо со 4:0 против Верона.
Кај гостите македонскиот напаѓач Илија Несторовски беше на клупата за резервни играчи, но не доби минутажа.
За домаќините по еднаш во листата на стрелците се запишаа Депаоли, Барак и Капрари и Тамезе.
Тимот од Удине е на 14 позиција на табелата во Серија А со 27 бодови, додека Верона е на деветтото место со 36.
Другите две средби завршија со ист резултат 1:1, односно Џенова дома ремизираше со Салернитана, а Емполи со Каљари.
ВИДЕО: Милан сега е на првото место во италијанската Серија А