ВИДЕО: И во Кавадарци ноќеска апсеа специјалци: Осуммина приведени и пломба на локал

1 min read

Откако МВР и Пазарната инспекција се пофалија дека вчеравечер извршиле голема акција во Кочани, при што се уапсени дури 30 луѓе, МВР јави и за слична акција со помал обем во Кавадарци, каде биле приведени осуммина, а бил запечатен еден угостителски објект.

„Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци. Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен. При контролата, информираа од МВР, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени. Исто така, откриени се неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, се вели во соопштението од МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Бразил: Навивач застрелан за време на финалето Челси – Палмеираш

Следно

Србија нарачала брашно и сол поради кризата во Украина, Вучиќ вели: Нема да се преправаме дека ништо не се случува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian