ВИДЕО: Голема борба за ЛШ – Аталанта и Јуве ремизираа во Бергамо

1 min read

Во последниот натпревар од неделната програма во 25 коло од најсилното италијанско првенство екипите на Аталанта и Јувентус ремизираа 1:1.

Голема борба се водеше на теренот во Бергамо, борба вредна Лига на шампиони, бидејќи и двата клуба се во трка за четвртата позиција.

„Старата дама“ создаде неколку добри шанси, од кои најдобрата во 56 минута ја имаше новото засилување Душан Влаховиќ кој од одлична позиција шутираше на една одбиена топка право во голманот Марко Спортиело кој добро реагираше.

Таквите нереализирани шанси на гостите беа казнети во 76 минута кога Руслан Малиновски донесе водство за домашниот состав. Изгледаше дека трите бода ќе останат во Бергамо за преземање на четвртото место. Но, во третата минута од судиското надополнување Данило го спаси Јуве од пораз.

На табелата Јувентус е на четвртото место со 46 бодови, два повеќе од петтопласираната Аталанта, со напомена дека играчите на Џан Пјеро Гасперини имаат еден меч помалку во Серија А.

ВИДЕО: Милан сега е на првото место во италијанската Серија А

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонскиот репрезентативец Вајли одличен против евролигашот Басконија

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време со сончеви периоди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian