Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа како одговор на највисоката инфлација во земјата во последните 20 години, која во јануари изнесуваше 48%.
Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година.
Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната статистика. Според опозицијата и противниците на Ердоган, официјалните бројки се значително потценети и не ја одразуваат реалноста.
И покрај намалениот ДДВ за основните прехранбени производи во земјава, денеска се планирани протести поради високите цени во земјата.