Трагедија во Бразил: Навивач застрелан за време на финалето Челси – Палмеираш

1 min read

Навивачите на Палмеираш масовно се собраа на улиците на Сао Паоло, каде заедно го следеа финалето на Светското клупско првенство.

Челси го совлада бразилскиот клуб со резултат 2:1, а херој на лондонските „сини“ беше Хаверц кој реализираше пенал во 117. минута, а на другата страна на светот беа забележани тешки сцени на насилство во кои едно лице го загуби животот.

Според неофицијални информации од Бразил, целата ситуација била збунувачка, малкумина разбрале што се случува и не е јасно зошто дошло до голема тепачка при која се слушале истрели.

Голем број навивачи во еден момент заедно ја следеа играта на својот тим, а следниот пат хаотично се обидоа да стигнат на безбедно. Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ја растера толпата, а подоцна објави дека еден навивач загинал во немирите.

Станува збор за затворски чувар надвор од должност, застрелан пред стадионот на Палмеираш. Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал. Едно лице е веднаш уапсено, а полицијата продолжила да патролира по улиците барајќи сомнителни лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Еден ден пред Денот на вљубените и виното: Кој ја „опива“ Агнеса Органџиева со љубов и рози?

Следно

ВИДЕО: И во Кавадарци ноќеска апсеа специјалци: Осуммина приведени и пломба на локал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian