Секојдневното консумирање витамин Д го спречува развојот на овие сериозни болести

3 mins read

Витаминот Д е суштинска хранлива материја, а стотици актуелни медицински студии покажуваат дека оваа моќна супстанција има голем потенцијал како заштита од нашите цивилизациски болести, како што се ракот, срцевиот удар, дијабетесот, депресијата, деменцијата… Витаминот Д е неопходен во организмот поради регулирање на апсорпцијата на калциумот и за градење на здрави коски, а има и позитивен ефект врз имунолошкиот систем и другите клеточни процеси. Можеме да кажеме дека витаминот Д има три централни функции: го регулира имунолошкиот систем (одбранбената способност на телото), го регулира растот на клетките (што е особено важно кога се работи за малигни болести, но и лекува кожни болести како егзема и псоријаза) и ја регулира хормоналната рамнотежа.

Ги намалува воспалителните процеси

Сега новата студија донесе нови податоци, а тие откриваат дека оние кои земаат додатоци на витамин Д многу ретко се соочуваат со дијагноза на автоимуни болести.

Се покажало дека овој витамин и есенцијалните масни киселини ги намалуваат воспалителните процеси додека го зајакнуваат имунитетот.

„Овие податоци за овој нетоксичен суплемент кој може да спречи сериозни состојби се голема работа. Ова е првиот вистински доказ дека дневната доза на витамин Д може да ја намали инциденцата на автоимуни болести“, истакнува д-р Карен Костенбадер, авторка на студијата.

До денес, идентификувани се околу 80 автоимуни болести.

Како до витамин Д?

Нашето тело може само да синтетизира витамин Д, но за тоа му е потребна помош од сонцето. Намаленото изложување на сонце е чест фактор за недостаток на витамин Д.

Најдобар начин да се добие е директното изложување на сонце, кое е многу потешко во текот на зимските месеци. Луѓето со потемна кожа се изложени на ризик бидејќи имаат повеќе мелатонин, пигмент кој ја намалува способноста на телото да го обработува витаминот Д од сонцето.

Сепак, покрај земањето суплементи, нутриционистите истакнуваат дека три намирници се најбогат извор на овој витамин, а прво ја истакнуваат мрсната риба. Мрсна риба, како лосос, туна, скуша, пастрмка или сардина, се богат извор на витамин Д. На ред доаѓаат печурките кои можат да понудат во една порција до 335 IU витамин Д. На третото место е кравјото млеко, како и млекото од соја и може да понуди во една шолја околу 120 IU од овој витамин.

Витаминот на сонцето, како што го нарекуваат, исто така, барајте го и во сокот од портокал (кој често е збогатен со витамин Д), жолчките, црниот дроб (85 грама говедски црн дроб содржи 50 IU) и во маргаринот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стипе Месиќ од Приштина: Србите го мразат Милошевиќ само зашто ги загуби војните

Следно

СДСМ: Сите вмешани во „Титаник“ да се повлечат од политиката, заедно со нив и Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian