СДСМ: Сите вмешани во „Титаник“ да се повлечат од политиката, заедно со нив и Мицкоски

1 min read

„Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка“, порачуваат преку соопштение од Социјалдемократскиот сојуз, по вчерашната судска разврска на случајот „Титаник“ со признанија на вина од обвинетите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер.

„Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека ја користеле моќта и противзаконски влијаеле на избирачко право, непријавувале извори на финансирање на партијата и користеле недозволени средства за изборните кампањи. Не само што 11 години ја фалсификувале волјата на граѓаните и направиле изборен криминал туку го злоуппотребиле и парите на народот. Христијан Мицкоски кој му беше советник и генерален секретар на Никола Груевски треба да се извини, да поднесе оставка и да побара враќање на парите кај народот. Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други. Ништо не е сменето во ВМРО ДПМНЕ, двоецот Мицкоски – Груевски е без принципи, без морал“, се вели во соопштението на СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Секојдневното консумирање витамин Д го спречува развојот на овие сериозни болести

Следно

Ангелов на посета во Секторот 112 – еве колку повици имало досега

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian