Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите

1 min read

Министерот за здравство, Беким Сали на својот фејсбук профил истакна дека по снемувањето струја на територијата на Скопје се преземени сите мерки, скопските клиники да проодолжат да функционираат нормално.

-Ја информирам јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент, напиша Сали.

kurir.mk

Претходно

Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар

Следно

Мртво женско тело пронајдено во стан во Сплит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian