Причина за прекинот во напојувањето е дефект на трафостаницата во Пинтија

1 min read

Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар. Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.

Прекин на струјата имаше во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров.

Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа

skopjeinfo.mk

Претходно

Самохраните мајки го кренаа гласот да си ги побараат СВОИТЕ ПРАВА

Следно

Разговор со Елена Бубало: Нема лоша храна, колку што има лоша количина на храна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian