Мицкоски до Ковачевски: Нудам единство, местото ти е во заедничкиот дом со нашиот народ, а не спроти него

5 mins read

На денешниот настан „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ на кој обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски тој потенцира дека суштински важно е кога во прашање е Македонија, која ја ослови како наш заеднички дом, да има единство, и го повика претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на единство кога станува збор за Македонија, бидејќи како што рече тој местото и на Ковачевски е во заедничкиот дом со народот, а не спроти него.

-Впрочем ударите се кон нашиот дом кој е се за едно семејство. Јас сум свесен дека во ситуација кога нашиот дом е во прашање, единството е поважно од секоја една наша внатрешна разлика која ја имаме во овој заеднички дом. Свесен сум, но и загрижен за тоа дали и премиерот на Македонија е свесен за истото. И затоа сакам да му порачам дека ВМРО, и историски, и суштински. и денес политички е вграден како еден од најважните стожери и столбови на нашиот дом- Македонија. И кога ќе се најде оваа влада пред ударите кон нашиот дом, ВМРО-ДПМНЕ нуди единство, договор за она што е наш заеднички супстрат и поддршка за заштита на националните, стратешки и државни интереси на нашата Македонија, кажа Мицкоски.

Тој кажа дека и домот ќе биде цврст колку се силни темелите и столбовите на куќата, и не е реткост било кој дом да биде на тест на разно разни потреси и удари, но се додека се држиме едни со други, се додека ја крепиме куќата, домот ќе остане неподелен и цел. А што е домот, ако не луѓето во него.

-ВМРО-ДПМНЕ е со народот заедно во тој дом, но го гледам Ковачевски и тие околу него дека се надвор, дека не го споделуваме истиот товар. Затоа нудам единство, а ВМРО својата потпора за нашиот дом и само за прашањата кои се важни за нашата татковина и за нашиот дом и сите луѓе во него. Македонија е нашиот дом, а ние како народ мора да бидеме единствени и од тоа нема да има поголем аргумент овие луѓе во преговорите да останат внатре во нашиот дом, да не излегуваат и да не потклекнуваат пред било кого, заклучи Мицкоски.

Тој потенцираше дека тие се надвор од преговорите, но поддршката за заштита на националните интереси на Македонија, посебноста, идентитет и иднина е бланко кога се во прашање овие фундаменти на постоењето на нашата Македонија.

-Спремен сум да ја премостам секоја разлика само Владата да ги заштити националните интереси и таа врата за ова прашање е секогаш широко отворена. Треба да знае во состојба на силни удари, предизвици ВМРО останува да биде тој стожер на нашиот дом, рече тој.

-Воедно имаме и многу отворени внатрешни прашања. Тука се темите за една изборна единица, постоењето на нефункционалната пржинска влада, намалувањето на бројот на пратениците во собранието за пофункционален законодавен дом. Се чини дека многу јасно се виде дека на сите овие прашања се удавија владините партнери СДСМ и ДУИ и излезе на површина нивниот неискрен однос. Тука се и прашањата за енергетската криза која не гледаме дека се намалува, како и предвремените избори кои се решение за излез од многу состојби во нашето општество. Ова се прашања кои се отворени, но и ова се прашања чие решавање не чека сите нас, кажа Мицкоски.

Уште еднаш потенцирајќи како што кажа, бидејќи се поставува прашањето дали е подготвен да разговара – кога е интересот Македонија и народот, дека никој не треба да има дилема дека е.

-Ќе разговарам со секого, на секоја тема, затоа што тоа е одговорно и тоа е лидерството кое го бара и и треба на нашата земја. Доаѓам да разговарам, дали тоа се викало лидерска, или очи во очи состанок, ако тоа е во интерес на моите граѓани и Македонија немам дилема. Во време кога народот гладува, кога земјава се помалку ја има, нема гледање низ нишани и тоа е најмалку нешто што можам да го направам, заклучи Мицкоски.

kurir.mk

Претходно

Димитријевиќ и Валенсија вторпат непријатно изненадени од Бреоган

Следно

Асоцијации со Џокси: Кога гледам прасечко ми ѕуни во ушите, како да компонирам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian