Марш посветен на самохраните родители во Скопје

1 min read

Мирен марш ќе биде организиран денеска во Скопје за да се подигне свеста во јавноста за секојдневните проблеми со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства.

-Поводот за организирање на овој марш се сериозни прашања и барања на нашите членки. Сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Темата за самохраните родители не смее да биде табу. Не повеќе, соопшти тимот на „Една може”.

Оваа организација се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права, со акцент на самохраните родители и еднородителските семејства.

Маршот ќе почне во 13 часот од „Жена-парк“ и ќе се движи до Министерството за труд и социјална политика.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виц на денот: Возач и кондуктер

Следно

Дневен хороскоп за 13 февруари: Уживајте во учењето на нови нешта и разменувањето на нови идеи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian