Македонските кикбоксери ќе настапат на Европското првенство во Истанбул

1 min read

На Европското Маитаи ИФМ сениорско и јуниорство првенство учество ќе земе нашата кикбокс маитаи федерација.

Овој настан ќе се организира во Истанбул (Турција) во периодот од 13 до 20 февруари 2022 година.

Македонските репрезентативци предводени од претседателот Дејан Митровски – Урко ќе настапат на ЕП на кое ќе учествуваат вкупно 37 европски земји.

На овој настап нашата земја ќе ја претставуваат Бобан Илиоски во категоријата -81 кг сениор, потоа Еркан Мурат -75 кг сениор, Силвио Мировски – 60 кг (14-15 години).

Горјан Ристовски е во категоријата – 71 кг (16-17 години), а во женска конкуренција Миа Тодорова – 63,5 кг. (17-23 години).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНТЕРВЈУ |  Со „даска“ се освојуваат планини: Инструкторот Марјан Милованов препорачува да се препуштите на магијата и возбудата на сноубординг

Следно

Единаесет починати пациенти и 920 нови случаи на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian