Македонскиот репрезентативец Вајли одличен против евролигашот Басконија

1 min read

Полека, но сигурно Џејкоб Вајли го надмина оној празен период во сезоната условен со заминувањето од редовите на Будуќност од Подгорица, и неодамнешниот потпис на договорот со Реал Бетис.

И многу брзо покажа дека ќе биде главен фактор за „зелено-белите“ во битката за опстанок во најсилната шпанска лига.

По двете добри игри и двете победи за тимот од Севиља, денеска македонскиот репрезентативец Вајли го одигра својот најдобар натпревар како играч на Реал Бетис.

На гостувањето кај Басконија (пораз од 72:93), силното крило на нашата национална селекција беше најдобар стрелец. Постигна 24 поени, со извонредна реализација 12/14 за два поени, кои ги дополни со три скока и една блокада за 21:39 минута на теренот на Арената „Фернандо Буеса“ во Басконија.

Вајли во одлична форма ги очекува следните квалификациски натпревари на Македонија за пласман на Светкиот Куп во 2023 година, против репрезентацијата на Грузија, на 24 февруари во Тбилиси и три дена подоцна во Скопје.

Димитријевиќ и Валенсија вторпат непријатно изненадени од Бреоган

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МИСТЕРИЈА: Стотици птици паднаа од небо во Мексико (ВИДЕО)

Следно

ВИДЕО: Голема борба за ЛШ – Аталанта и Јуве ремизираа во Бергамо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian