Косово ги повика своите граѓани да заминат од Украина

1 min read

Министерството за надворешни работи и дијаспора (МПЈД) на Косово ги повика косовските граѓани кои се наоѓаат во Украина да ја напуштат таа држава „што поскоро”, поради растечката опасност од тамошна инвазија од страна на Русија.

Во соопштението што косовското МНР објавено вечерва на својата официјална страница на Фејсбук, се предупредува дека „веќе не може да се исклучи почетокот на отворен вооружен конфликт” во Украина, исто така се апелира до косовските граѓани да не патуваат во тој регион.

– По драматичното зголемување на тензиите меѓу Русија и Украина, предизвикани од големото присуство и раздвиженост на руските трупи во близина на границата со Украина, веќе не може да се исклучи почетокот на отворен вооружен конфликт. МПЈД ги повикува граѓаните на Република Косово да не патуваат во Украина и доколку се наоѓаат таму да ја напуштат што поскоро, соопшти официјална Приштина, воедно објавувајќи телефонски број и и-мејл на кој што можат да се обратат граѓаните кои се наоѓаат во Украина.

По порастот на тензиите меѓу Русија и Украина, вчера и денеска повеќе западни држави, меѓу кои и САД, ги повикаа своите граѓани да го напуштат кризниот регион.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски му фрли ракавица на Ковачевски: Единство околу националните интереси, но и одговорност за секој од власта што се огрешил пред законот

Следно

ФОТО | На Свети Трифун кај Јохан Елзесер: Традиција, која не е само слава, туку печат на времето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian