ФОТО | Портрет на Антониа Гиговска: Млад уметник ја наслика пејачката во гламурозно издание

1 min read

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Своите почетоци, младата Антониа ги врзува со шоуто „Пинкови ѕвездички“ кога буквално ги освои срцата на целиот Балкан. Денес, е една од најеминентните артисти смело вивнувајќи се кон секој врв што ќе го замисли.

Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат скоро 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија.

Последната објава на младата пејачка го привлече нашето внимание. Антониа објави прекрасно уметнико дело за кое таа е главната муза. Пејачката се пофали со прекрасен портрет изработен од младиот уметник Марко Милчевски.

„Не ми се верува….. каков талент е!“ – стои во описот на објавата на Антониа на која се пофали со уметничкото дело.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Швајцарците не изгласаа забрана на експериментите врз животните

Следно

Димитријевиќ и Валенсија вторпат непријатно изненадени од Бреоган

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian