ФОТО | Еден ден пред Денот на вљубените и виното: Кој ја „опива“ Агнеса Органџиева со љубов и рози?

1 min read

Агнеса Органџиева има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние преку фотографиите кои ги објавува на својот инстаграм – профил. Многу мода, внимателно избрана козметика, луксузни подароци, како и фотографии од нејзиниот дом и моменти поминати со блиските пријатели и ќерките.

Органџиева е дама во вистинска смисла на зборот, жена која го негува своето тело, но и својот дух. По осумнаесет години брак со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК, Роберт Орданоски, Агнеса реши да стави крај на заедничкиот живот и да продолжи понатаму.

На само еден ден пред Денот на вљубените попознат како Св. Валентин, а притоа и на само еден ден од христијанскиот празник Св. Трифун, Агнеса на својот инстаграм – профил објави фотографии на кои позира во бајковит црвен фустан. Во рацете држи грандиозен цветен аранжман со црвени рози, а со бели рози е испишана првата буква од нејзиното име.

Од кого е подарокот и како ќе го помине Органџиева Денот на вљубените, се надеваме дека ќе ни открие.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шпански воени авиони и денеска ќе го чуваат бугарското небо

Следно

Трагедија во Бразил: Навивач застрелан за време на финалето Челси – Палмеираш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian