Андонова стрелаше за победа над Реал Сосиедад

1 min read

Денеска составот на Леванте со минимален резултат 1:0 триумфираше на домашен терен против Реал Сосиедад во 22 коло од најсилната женска фудбалска лига во Шпанија.

Наташа Андонова која го одигра скоро целиот меч за домашната екипа, го постигна единствениот гол на средбата во 60 минута.

За македонската фудбалерка ова е трет погодок сезонава, претходно стрелаше против Атлетик Клуб и Рајо Ваљекано.

За Леванте ова е деветта победа и моментно е на седмата позиција со 29 бодови, а Реал Сосиедад е второпласиран (44) далеку зад водечката Барселона (66).

Во следното коло на 6 март Андонова и Леванте ќе се соочат против Виљареал на гостински терен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Градоначалникот ја призна љубовта со фолк пејачката: Тања е добра душа, има харизма која не се раѓа!

Следно

Кумановци се вознемирија од еврејска секта сместена во градот, МВР смирува: Брзо ќе си одат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian