Албанија лани собрала рекордни 4,2 милијарди евра во државната каса

2 mins read

Околу 510 милијарди леки или речиси 4,2 милијарди евра влегле во албанската државна каса минатата година, надминувајќи ја не само 2020 година кога приходите значително се намалија како резултат на пандемијата, туку и годишниот финансиски план.

– На ова позитивно остварување влијаеја и даночните и царинските приходи. Споредено со пред една година, приходите се зголемени за речиси 693 милиони евра повеќе, што е одраз на заживувањето на економијата каде приходите се зголемени во речиси сите ставки, се наведува во соопштението на албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ).

Зголемувањето на увозот на акцизни стоки, како и растот на нивните цени, особено во втората половина од годинава, доведе до тоа царината лани да оствари рекордни приходи.

Во однос на царинските приходи, само од ДДВ се собрани над 131 милијарда лека, речиси 30,5 милијарди повеќе од 2020 година, додека приходите од акцизи се зголемени за над седум милијарди лека, достигнувајќи вкупно повеќе од 420 милиони евра во текот на минатата година.

– Приходите од персоналниот данок на доход достигнаа 39,3 милијарди лека, за околу 46 милиони евра повеќе од 2020 година. И приходите од социјалните и здравствените придонеси, исто така, се зголемени во текот на минатата година за повеќе од 12 милијарди лека во однос на 2020 година, како резултат на зголемувањето на минималната плата, наплатата на даноците од годишните пријави на приходите, но и од зголемената вработеност, наведува ИНСТАТ.

Јавната потрошувачка достигна рекордно ниво од 596,2 милијарди леки на крајот на минатата година, ставка што резултирала со речиси 491 милион евра повеќе отколку во 2020 година.

Тоа условило и покрај позитивните остварувања кај приходите, високо ниво на буџетски дефицит, кок според податоците на Министерството за финансии, е околу 85,8 милијарди леки, што е еднакво на над 706 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кумановци се вознемирија од еврејска секта сместена во градот, МВР смирува: Брзо ќе си одат

Следно

ИНТЕРВЈУ |  Со „даска“ се освојуваат планини: Инструкторот Марјан Милованов препорачува да се препуштите на магијата и возбудата на сноубординг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian