ВМРО-ДПМНЕ: Тепачот на жени Ацевски држи партиски пресови во состојба кога пола Македонија се уште е отсечена од снег

1 min read

Костадин Ацевски е поранешен пратеник сега директор на „Македонија Пат“ кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција. Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем доколку некој се прашува зошто сеуште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови. А сега околу суштината: Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството.

Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање.

Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на Македонија“ – велат од партијата.

 

kurir.mk

Претходно

Ацевски: По „Титаник”, Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки

Следно

18-годишна девојка касната од улично куче во Драчево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian