ВИДЕО| Спектакл во Мадрид: Шест гола во прво полувреме и еден со ножички во второто за триумф на Атлетико

1 min read

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и на Хетафе одиграа фантастичен натпревар на кој имаше шест гола, црвени картоник, пресврти, а победничкиот погодок беше постигнат во последната минута и тоа со ножички. Актуелниот шампион прво водеше со 2:0, па губеше со 2:3 и на крајот со играч помалку дојде до победата во финишот.

Голеата на „Ванда Метрополитано“ ја отвори Анхел Кореа во 19 минута, а осум минути подоцна Матеус Куња зголеми на 2:0, по што следеа неверојатни 12 минути на гостите.
Хетафе кој на претходните 11 натпревари во Мадрид против Атлетико не постигна ниту еден гол, сега даде три за 12 минути. Борха Мајорал во 30 минута, намали на 2:1, а потоа Енес Унал постигна два гола од пенал  за пресврт на Хетафе.

До крајот на првото полувреме, Атлетико успеа да израмни преку Кореа.
Во второто полувреме, домашниот тим остана со играч помалку по исклучувањето на Фелипе во 58 минута, но и покрај тоа благодарение на голот со ножички на Ермосо во 89 минута дојдоа до победата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Мајка сподели застрашувачка последица од породувањето за која не се зборува често

Следно

Отчет од претпладне до мрак: Градоначалниците ќе му реферираат на Мицкоски и сопартијците за сработеното

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian