Новиот холивудски филм „Death on the Nile“, во кој главната улога ја игра израелската филмска ѕвезда Гал Гадот, нема да се прикажува во киносалите во Либан и Кувајт. Причината за оваа забрана е поврзаноста на Гадот со одбранбените сили на Израел.
Имено, актерката служела во израелските вооружени сили две години, како што се бара од сите млади Израелци, пред да влезе во светот на шоу-бизнисот. Иако „Death on the Nile“ е забранет во овие две земји, филмот веќе почна да се емитува во остатокот од Блискиот Исток.
Ова не е првпат филм на Гал Гадот да биде забранет во овие земји. Исто така, Либан ги блокираше нејзините филмови „Wonder Woman“ поради врските на актерката со војската.
Гал Гадот мета на критики по објавата за судирот меѓу Израел и Палестина