ВИДЕО | Мајка сподели застрашувачка последица од породувањето за која не се зборува често

1 min read

Јелена Вон Брејман е млада мајка која по породувањето со соочила со несекојдневна последица – на нејзиното лице се појавиле испукани капилари.

Таа била шокирана од својот одраз во огледалото по раѓањето на нејзиниот син. Имено, при природното породување, дошло до пукање на крвните садови.

„Првите неколку дена се плашев да се погледнам во огледало. Никогаш не сум видела нешто слично“, вели Јелена.

Таа вели дека ништо не е поважно од нејзиното дете и дека сѐ тоа вредело. Сепак, оние коишто ја следат на платформата Тик-ток останале во неверување дека може да дојде до таква последица.

Во видеото, Јелена додава дека лицето ѝ се вратило во нормала по две недели.

„Дефинитивно, јас немам слатка фотографија со моето бебе во болница“, се шегува Јелена.

@yelenaa.x Reply to @aaaa.215 ♬ original sound – Yelena

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реакција на Амбасадата на САД во Бугарија на Луковмарш

Следно

ВИДЕО| Спектакл во Мадрид: Шест гола во прво полувреме и еден со ножички во второто за триумф на Атлетико

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian