ВИДЕО: Бламажа на Баерн, прими четири гола за едно полувреме

1 min read

Фудбалерите на Бохум приредија вистинско изненадување остварувајќи убедллив над шампионот и лидер на табелата, Баерн Минхен од 4:1 во рамки на 22 коло од Бундеслигата.

Бохум го шокира големиот фаворит за титулата давајќи му четири гола уште во првото полувреме. Но, натпреварот започна со водство на Баерн откако Роберт Левандовски во деветтата минута го совлада голманот Есер. На изненадување се чекаше само пет минути кога Антви-Аџеи го совлада Улрих, кој беше замена за повредениот Мануел Ноер.

Во финишот од првиот дел, Локадија, Гамбоаи Хојтман од 38. до 44. минута дадоа три гола и ги шокираа фудбалерите на Баерн кои во второто полувреме преку Левандовски го ублажија поразот.

И покрај убедливиот пораз, Баерн остана на првото место на табелата со 52 бода, девет повеќе од Борусија Дортмунд која утре му гостува на Унион Берлин. Бохум со триумфот се искачи на 11. место на табелата со 28 бода.

Сигурен настап пред своите гледачи имаше Борусија Менхенгладбах која со 3:2 го совлада Аугсбург. Коне во 30 минута му донесе водство на домашниот тим, Хофман на стартот од вториот дел зголеми на 2:0. Иако намали на 2:1 во 55. Минута, но Бандебаини во 67 минута ја завери победата на Борусија.Гостите во финишот само успеаја да го ублажат поразот преку
Финбогасон.

Резултати:
Борусија М. – Аугсбург 3:2
Бохум – Баерн 4:2
Ајнтрахт – Волфсбург 0:2
Фрајбург – Мајнц 1:1
Гројтер Фирт – Херта 2:1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Безрезервна љубов: Дуња Јованиќ се прости од својата Бејби со емотивна порака

Следно

Марш и контрапротести во Софија: „Без нацисти на улиците!”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian