ВИДЕО | Безрезервна љубов: Дуња Јованиќ се прости од својата Бејби со емотивна порака

3 mins read

Дуња Јованиќ е една од најреалните српски блогерки, барем така велат оние кои ја следат. Нејзините фотографии на социјалните мрежи се природни и таа во голема мера е транспарентна за работите коишто ѝ се случуваат во животот – и добри и лоши.

Нејзината последна објава на Инстаграм ги растажи нејзините следбеници. Имено, нејзиното куче Бејби, кое една деценија ѝ даваше безрезервна љубов, засекогаш ја напушти. Во видеото коешто Дуња го сподели се забележани нивните последни заеднички моменти.

„Ти беше најважниот дел од мојот живот, уште од зимата 2010 кога скришно те купив на две рати од мојот студентски џепарлак, бидејќи тато ми кажа дека куче е голема обврска и дека тоа не ми треба. Сите овие години, ти беше мојата најдрага обврска. Ти ме научи толку многу работи, многу се променив со тебе, ти ми покажа што значи верност и како се сака… Зборот ‘љубов’ не можев да го изговорам сѐ додека не го ‘извежбав’ со тебе. Сите овие години, многу пати бев изневерена од најблиските, но никогаш од тебе. Јас никогаш не се почувствував сама, а имаше прилики. Ти беше мојот најверен пријател, многу често и единствен сопатник во најтешките моменти и ако некогаш бидам добра мајка, тоа ќе биде заради тебе.

Не можам да си простам за многу работи. Не можам да си простам што не ти го продолжив животот за уште 15 минути или за 15 дена, а би дала сѐ за тоа. И не можам да си го замислам животот без тебе, без нашите рутини, без твоите шепички кои ме грепкаа веднаш штом ќе отворев очи.

Сите оние кои ме знаеа, од соседи, до келнери кои не ми го знаат името, до моите најблиски луѓе, ме знаеа со тебе. Како ќе му кажам на Матеја, како ќе му кажам на соседот кога ќе ме праша ‘каде ви е кучето’, како ќе им објаснам дека мојата Бека ја нема… и колку ќе бидам сама.

Моја Бека, за првпат во животот нема да се преправам дека сум добро. Ќе ми биде лошо, затоа што така се чувствувам и немам сила да го кријам тоа. Знам дека многумина ќе помислат дека сум патетична бидејќи ‘тоа е само куче’, но за мене тоа беше сѐ на светот.

Моја малечка Бека, не можеше Дуња да те спаси, а толку сакаше… Засекогаш ќе бидеш моето прво бебе, мојата прва љубов, мојот првенец и мојата гордост“, стои во емотивната порака на Дуња со која се прости од Бејби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков се жали за правата на Бугарите во Македонија, ама не одговори за правата на Македонците во Бугарија

Следно

ВИДЕО: Бламажа на Баерн, прими четири гола за едно полувреме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian