ВИДЕО | Адел знае да се забавува: Се напила малку повеќе и танцувала на шипка во геј-клуб

1 min read

Британската пејачка Адел, дефинитивно, знае да се забавува. Имено, таа во четвртокот, по гостувањето во емисијата „Graham Norton Show“, се опуштила во ноќниот геј-клуб „Heaven“ во Лондон.

Познатата пејачка ги изненадила посетителите на клубот со своето присуство, каде таа вечер имало танцови натпревари во стриптиз. На почетокот, Адел ги бодрела натпреварувачките и внимателно ги следела нивните изведби, а потоа одлучила и таа да им се придружи.

Секако, снимките на кои Адел танцува на песната „It’s Raining Men“ набргу почнале да се појавуваат на социјалните мрежи.

„Затоа ја сакаме Адел. Икона е и кога е пијана и кога лудо се забавува“, „Кој би се обложил дека ова би се случило во 2022 година“, „Адел е кралица“, се само дел од коментарите.

ВИДЕО | Адел низ солзи ги откажа настапите поради ковид: Многу сум вознемирена

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНСТАТ: Минатата година во Албанија починале рекордни 30.600 лица

Следно

ЗОИ Пекинг: Линдвик победи на големата скокалница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian