Уште едно уникатно име: Кајли Џенер го откри името на нејзиниот син

1 min read

Кајли Џенер и Тревис Скот неодамна му посакаа добредојде на нивното второ дете. Семејството Кардашијан-Џенер е познато по тоа што на своите најмали членови им дава уникатни имиња, па затоа многумина се прашуваа како ќе се вика синот на Кајли и Тревис.

Како што сподели самата Кајли на социјалната мрежа Инстаграм, нејзиниот син ќе се вика Волф Вебстер.

Фото: Скриншот, Инстаграм

24-годишната старлета се породи на 2 февруари, а неколку дена подоцна сподели фотографија од рачето на бебето.

Фото: Скриншот, Инстаграм

Кајли и Тревис, со прекини, се заедно од 2017 година, а во февруари 2018 година се роди нивната ќерка Сторми.

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер е бремена: Ријалити ѕвездата ја потврди среќната вест

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кличко подготви план за евакуација на Киев

Следно

Да не беа повредите, Надал ќе беше најдобриот тенисер во историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian