Студија покажа колкав е ризикот од нови срцеви заболувања по прележан ковид-19

2 mins read

Долго време по закрепнувањето од ковид-19, луѓето се соочуваат со значително зголемен ризик од нови срцеви заболувања, покажа голема американска студија.

Научниците од Министерството за воени ветерани на САД ги споредиле стапките на нови кардиоваскуларни проблеми кај 153 760 лица заразени со коронавирусот пред да бидат достапни вакцините, со стапките кај 5,6 милиони луѓе кои сѐ уште не се заразиле со коронавирусот и со стапките кај уште 5,9 милиони луѓе чии податоци биле собрани пред пандемијата.

Во просек, една година по закрепнувањето од акутната фаза на инфекцијата, оние кои го прележале коронавирусот имале 63 отсто поголем ризик од срцев удар, 69 отсто поголем ризик од неправилно чукање на срцето, 52 отсто поголем ризик од мозочен удар, 72 отсто поголем ризик од застој на срцето и речиси трипати поголем ризик од потенцијално смртоносно згрутчување на крвта во белите дробови во споредба со другите две групи, се вели во извештајот објавен оваа недела во списанието „Nature Medicine“.

„Зголемените ризици од срцеви болести беа евидентни кај сите подгрупи – млади и стари, белци и црнци, мажи и жени. Луѓе со и без дијабетес, луѓе со и без бубрежни заболувања, кај пушачи и кај непуштачи“, вели д-р Зијан Ал-Али.

„Ризиците се евидентни и кај луѓето кои имале поблаг облик на болеста и не морале да бидат хоспитализирани“, пишува тој, исто така.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина

Следно

Истрага поради местенки, дури 21 тенисер се наоѓаат пред доживотна суспензија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian